Манчестер јунајтед потпиша со Јоро, еден од најскапите трансфери на тинејџер во Премиерлигата

by bojan
1 минути читање
Лени Јоро

Манчестер јунајте вечерва го потврди трансферот на Лени Јоро од Лил, перспективниот дефанзивец станува еден од најскапите тинејџери во Премиерлигата.

„Ѓаволите“ ја добија битката со Реал Мадрид за талентираниот Лени Јоро, Французинот денеска стави потпис на петгодишна соработка.

„Манчестер јунајтед е задоволен што може да потврди дека Лени Јоро му се придружи на клубот. Дефанзивецот стави потпис на договор до јуни 2029, со опција истиот да биде продолжен за додатни 12 месеци“ – гласеше известувањето.

Како што пренесуваат медиумите, клубот од Олд Трафорд ќе плати нешто над 52 милиони фунти, плус речиси 7 милиони фунти во бонуси.

Со вакви суми, Лени Јоро ќе стане еден од најскапите трансфери на тинејџер во Премиерлигата.

„Голема чест ми е што толку рано во кариерата потпишав за клуб со статус и амбиција какви што има Манчестер јунајтед. Уште на првиот разговор тие поставија јасен план за тоа како ќе се развивам и како ќе бидам дел од проектот, покажаа и дека се грижат за мене и моето семејство. Знам каква историја има клубот со млади играчи и сметам дека ова е перфектно место за да го достигнам потенцијалот и да ги остварам амбициите“ – вели Французинот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани