70
„Црвените Ѓаволи“ на почетокот од оваа недела доставија понуда вредна 45
милиони евра, но Интер го одби предлогот и побара 55 милиони евра за услугите
на Хрватот.
Последните информации кои пристигнуваат од Италија велат дека двата клуба
сепак успеале да пронајдат заеднички јазик.
Газета дело Спорт пишува дека Интер и Манчестер јунајтед си подале рака за
трансфер вреден 52 милиони евра.
Ова е тројно поголема сума од онаа која „Нероаѕурите“ ја платија на
Волфзбург.
Иван Перишиќ пристигна на Џузепе Меаца во 2015 за 17 милиони евра.