Шпанците ја победија Англија со 2-1 и го кренаа трофејот на Европското првенство во Германија.
Веројатно и повеќе од заслужено „црвената фурија“ ја покори Европа, откако одигра убедлив турнир. Интересно, на самиот почеток англиската легенда Гери Невил не веруваше во Шпанија, а како главна причина го посочи Марк Кукуреља кој беше стартен лев бек на оваа селекција.
„Мислам дека Кукуреља е една од причините поради кои Шпанците веројатно не можат да одат до крајот на ЕП“, изјави тогаш Невил.
Кукуреља напротив, одигра одлично првенство и беше асистент на победоносниот погодок во финалето кој го даде Ојарзабал. Бекот не ја испушти шансата и му одговори на Англичанецот со кратка порака: „Успеавме да дојдеме до крајот Гери. Ти благодариме за поддршката“.
Оваа сезона Марк Кукуреља одигра „само“ 21 натпревар за Челзи откако имаше неколкумесечна пауза.