Венгер за прв пат не доби зголемување на платата, позната е неговата вкупна заработка во Арсенал

by
1 минути читање

Арген Венгер ја
продолжи верноста со Арсенал на уште две години, ја задржа моменталната годишна
плата од 9,5 милиони евра, веќе е познато колку изнесува неговата вкупна
заработка во клубот од Лондон каде е од 1996. година.

Венгер во целиот
период минат во Арсенал заработил дури 120 милиони евра, но за прв пат откако е
на чело на стручниот штаб на „Топчиите“ не доби зголемување на платата по
потпишување на нов договор.

Арсенал под
водство на својот тренер освои 16 трофеи, вклучувајќи три шампионски титули во
првенството на Англија, седум во ФА Купот и шест во ФА Комјунити Шилд.

Тоа што најмногу
ги боли фановите на овој тим е фактот што последната титула во Премиерлигата,
Арсенал го освои во 2004. година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани