Лидерите на Милан работат со „полна пареа“, го договорија и капитенот на Лацио!

by
1 минути читање

„Росонерите“ не застануваат, сезоната заврши пред 48 часа а тие веќе
договорија четири засилувања.

Новите сопственици, заедно со новото раководство работат со „полна пареа“
за креирање на нов победнички тим.

Матео Мусакио од Виљареал е првото засилувања, а договорени се и Франк Кеси од
Аталанта и Рикардо Родригез од Волфзбург.

Репрезентативецот на БСК оваа недела треба да ги помине лекарските
прегледи, додека пак левиот бек ќе пристигне во Милано следната недела.

Според пишувањата на Ла Република, Милан го договорил и капитенот на Лацио,
Лукас Биглиа.

Весникот од Рим пишува дека „Бјанкочелестите“ ја прифатиле понудата вредна
18 милиони евра плус 4 додатни милиони евра во бонуси.

31 годишниот Аргентинец исто така прифатил три годишен договор и плата од
2,5 милиони евра по сезона, плус 0,5 милиони евра во бонуси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани