Лоша глума во време кога има ВАР технологија: Удри противник со лакт, па се правеше жртва (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Натпреварот меѓу Колумбија и Уругвај понуди доста интересни моменти. Колумбијците со десетмина издржаа и дојдоа до победата (0-1), ама во финалето ќе бидат без еден од најстандардните во тимот.

Даниел Муњоз направи вистинска глупост во време кога се користи ВАР технологија. Десниот бек на Колумбија по еден дуел го удри Мануел Угарте со лакт во гради.

Пред ударот, фудбалерот на ПСЖ го држеше Муњоз за дрес, па тоа Колумбиецот сакаше да го искористи. Откако го удри противникот, Муњоз го крена дресот и сакаше да покаже дека тој е жртвата. Дури и Угарте да го штипеше, ударот на Муњоз секако беше за исклучување и далеку поголема глупост.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани