193
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар ќе го добие „Новоматик“ за генерален спонзор, договорот ќе биде потпишан утре.
По неколку тешки години и две сезони поминати во втора лига, конечно добри вести за Вардар.
Најтрофејниот македонски клуб ќе го добие „Новоматик“ за генерален спонзор.
Австриската компанија, која е сопственик на 2.000 казина и останати места за игри на среќа во повеќе од 50 држави , е присутна на македонскиот пазар од 2009 година, и сега реши да инвестира во Вардар.