290
Репрезентацијата на Англија обезбеди полуфинале на Европското првенство откако на пенали ја елиминираше Швајцарија, претходно во регуларниот дел и по 120 минути фудбал резултатот беше 1:1.
Трагичар за Англичаните беше дефанзивецот Мануел Аканџи кој единствен промаши. Пикфорд го одбрани неговиот удар откако му ја погоди страната. Очигледно тоа и не било случајно.
Фотографите успеаа да го уловат шишето со вода на Пикфорд на кое се испишани имињата на фудбалерите на Швајцарија и каде најчесто шутираат. Кога во прашање е Аканџи неговата пронцека се покажа како точна.