206
Фудбалерот на Реал Сосиедад Микел Мерино беше херој на репрезентацијата на Шпанија во осминафиналето против Германија.
Мерино постигна гол во 119. минута и така донесе победа на Шпанија, а по натпреварот во центарот на вниманието се најде неговата прослава.
Имено, прославата на шпанскиот репрезентативец околу корнер знаменцето не била случајна. Тој ја ископирал прославата на неговиот татко од пред 33 години.
Посебно е интересно што Анхел Мигел Мерино кој во тој период бил фудбалер на Осасуна голот го постигнал на истиот натпревар и исто така против Германија.
Во кариерата Мигел Мерино покрај Осасуна играше уште за Леганес, Селта, Лас Палмас, Леганес, Бургос и Сеута каде што ја заврши кариерата во 2003 година.