Белингем доби еден меч суспензија, но ќе игра против Швајцарија!

by 24 фудбал
1 минути читање

Европската фудбалска федерација – УЕФА ја одреди казната за Џуд Белингем поради непримерниот гест за време на натпреварот против Словачка во осминафиналето на Европското првенство.

УЕФА му одреди суспензија на Белингем од еден натпревар. Сепак, Англичаните имаат една година да одлучат за кој официјален меч ќе биде суспензијата. Така, Џуд Белингем и покрај глупавиот потег ќе биде во комбинација за настап во четвртфиналето против Швајцарија, што е невиден преседан.

Покрај суспензијата од еден натпревар, Белингем е казнет и парично со 30.000 евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани