Спалети превзеде одговорност па се правдаше: Немав доволно време, сите мои претходници имаа повеќе натпревари

by bojan
2 минути читање
Спалети

Селекторот на Италија, Лучано Спалети превзеде одговорност за поразот од Швајцарија и елиминацијата од Европското првенство, но вели дека му фалело време за да испроба одредени работи.

Италија некако успеа да ја преживее групата, но се сопна уште во првата рунда од нок-аут фазата, попладнево „аѕурите“ загубија со 2-0 од Швајцарија во осминафиналето.

„Вториот гол на стартот од второто полувреме не уништи и ни ја разниша самодовербата. Разликата на денешниот меч го направи темпото. Разликата беше во темпото, ние бевме многу бавни во споредба со нив во првото полувреме. Дури и на индивидуално ниво имаше разлика во темпото, движењата и дуелите“ – рече Лучано Спалети по крајот на натпреварот.

„За жал, темпото и свежината беа пресудни. Мислев дека ако им дадам време да се опорават и доколку променам одредени играчи, ќе бидеме подобри на теренот. Но во моментов, поради премногу причини, не можевме да сториме нешто повеќе“.

Тој потоа додаде: „Одговорноста секогаш е на тренерот, јас ги носам одлуките“.

„Сметам дека немав доволно време да ги запознаам сите играчи, доколку погледнете, сите мои претходници имаа по 20 натпревари пред големите шампионати, имаа можност да експериментираат. Ќе ми беа од голема помош неколку додатни натпревари“.

„Доколку ја погледнете листата со натпревари, ќе видите дека има голема разлика помеѓу она што јас требаше да го подготвам, и што правеа другите тренери“.

„Но на крајот, моја е одговорноста“.

Спалети го превзеде кормилото на Италија во септември 2023, на само неколку дена пред два важни натпревари од квалификациите за ЕВРО 2024.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани