Како што пренесува Мундо Депортиво, ПСЖ имал нов обид да го ангажира талентираниот Ламин Јамал и понудил рекордни 250 милиони евра, но Барселона и понатаму нема немера да ја продаде својата млада ѕвезда.
Пред неколку месеци се шпекулираше дека ПСЖ на маса ставил фантастични 200 милиони евра за ангажман на Ламин Јамал.
Но Барселона, и покрај тоа што е во финансиски проблеми, го одби овој предлог.
Како што пренесува денешното издание на Мундо Депортиво, „светците“ не се откажуваат и доставиле нова понуда.
ПСЖ е подготвен да го сруши рекордот на Нејмар, и да плати 250 милиони евра за да го ангажира Ламин Јамал како наследник на Килијан Мбапе.
Сепак, „каталонците“ и понатаму инсистираат дека немаат намера да ја продадат својата млада ѕвезда.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.