Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Барселона му понудила на Ламин Јамал да го облече дресот со број 10, но младото момче не сака додатен притисок и го одбил предлогот.
Ламин Јамал собори еден куп рекорди минатата сезона, а испиша историја и на Европското првенство во Германија, стана најмладиот играч кој настапил на континенталниот собир.
Очекувањата се огромни, и како што пренесува Релево, Барселона сака да му покаже дополнителна доверба и му го понудила дресот со број 10.
Но младата ѕвезда нема желба за еден ваков потег, или барем нема желба во моментов. Тој е свесен за тежината на „10-ката“, па не сака да избрзува и да се стави под дополнителен притисок. Дресот со број 10 ќе го турне во нова димензија на одговорности и лидерство, и тој не го сака ова во оваа етапа од кариерата, преферира порелаксирана атмосфера во која ќе може соодветно да напредува.
По заминувањето на Лео Меси, „10-ката“ ја доби Ансу Фати, кој требаше да биде новата голема фудбалска ѕвезда, но честите повреди го забавија неговиот прогрес до тој степен што тој мораше да биде испратен во Брајтон на позајмица во потрага на поголема минутажа, а и таму не се изнаигра.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.