Селекторот на Холандија, Роналд Куман е бесен на англиските судии откако беше поништен голот на Чави Симонс против Франција, смета дека Дамфрис не го блокирал видното поле на голманот Мењан.
Пресметката помеѓу Холандија и Франција беше првиот натпревар на Европското првенство на кој не падна гол, но и првиот на кој имаше контроверзна одлука на ВАР.
„Лалињата“ поведоа во второто полувреме со голот на Чави Симонс, но по долга проверка со ВАР (околу две ипол минути) погодокот не беше признаен.
Судиите во ВАР собата предводени од Стјуарт Атвел сметаа дека Дамфрис во офсајд позиција го блокирал видното поле на голманот Мењан, и ја потврдија одлуката долу на теренот.
„Да, Дамфрис е во офсајд позиција, тоа е точно. Но тој не му пречи на голманот, и кога не го блокирате голманот, голот е легален“ – вели селекторот на Холандија, Роналд Куман.
„Ако му требаат 5 минути на судијата… Чим има толку многу сомнежи, голот мора да биде признаен!“
„Ќе повторам, сметам дека Дамфрис не му пречеше на голманот. Мењан не реагираше поради тоа што Дамфрис го блокираше, не реагираше бидејќи едноставно не можеше да стигне до топката. Немаше шанси да стигне до топката“.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.