Хорор повреда на млад англиски фудбалер, десет минути го враќаа во живот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Европското првенство до 17 години е во центарот на вниманието поради нефудбалски работи откако млад Англичанец се здоби со повреда која ги исплаши сите присутни на натпреварот.

Инцидентот се случуваше на полуфиналниот меч помеѓу Англија и Турција кој го добија Англичаните со 2-1.

Младиот фудбалер на Тотнем беше удрен со лакт по кој падна во несвест. Лекарските екипи се обидуваа да го освестат цели десет минути. Откако се разбудил најпрво прашал каков е резултатот на натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани