198
20 годишниот репрезентативец на БСК бележи одлични партии па го привлече
вниманието на неколку клубови.
Милан и Рома доставија идентични понуди до Аталанта вредни 28 милиони евра,
па клубот од Бергамо го остави играчот да одбере каде ќе ја продлжи кариерата.
Последните извештаи велат дека „Росонерите“ се тие кои ја добиле битката
откако „Волчицата“ се откажала.
Милан и Франк Кеси си подале рака за пет годишен договор вреден 2,5 милиони евра по
сезона, додека пак Рома не сакала да ја надмине границата од 2 милиони евра, и
решила да се фокусира кон други цели.