Премиерлигата за прв пат би можела да види плеј-оф меч за одредување на
позицијата на табелата.
Во пресрет на последното коло, во битката за топ четири финиш, Манчестер
Сити е на третата позиција на табелата со два бода предност пред Ливерпул, а
„Црвените“ имаат бод повеќе од петто пласираниот Арсенал.
„Граѓаните“ се тие со најголеми шанси за место кое води во најелитното европско натпреварување, и веројатно битката за последниот патник во Лигата на шампионите ќе биде помеѓу Ливерпул и Арсенал.
Постои можност „Црвените“ и „Топчиите“ преку плеј-оф меч да решаваат кој ќе игра во Лигата на шампионите.
За да се случи тоа, Ливерпул дома ќе треба да загуби од Мидлзбро со 0-2, а
Арсенал и Евертон да одиграат 1-1.
На тој начин, двата клуба ќе имаат 73 бодови, постигнато 75 погодоци и гол
разлика од +33.