Топ четири пласманот ќе се решава во последното коло, Арсенал и Сити до нови победи (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Алексис Санчез ги остави „Топчиите“ во игра за местата кои водат во Лигата
на шампионите, Чилеанецот со два гола вечерва му донесе три бода на Арсенал во
дуелот со Сандерленд.

„Црните Мачки“ одолеваа се до 72. миута кога Санчез на додавање на Озил
погоди за 1-0.

Чилеанецот потоа во 81. минута ги реши сите дилеми околу победникот.


Манчестер Сити исто така направи значаен чекор кон топ четири откако со 3-1
го совлада ВБА.

Во период од 120 секунди, Жесус и Де Брујне го решија противникот.

Најпрво Бразилецот на асистенција на Де Брујне го отвори резултатот во 27.
минута, за Жесус да ја возврати услугата а Белгијанецот да погоди за 2-0 во 29.
минута.

Туре зголеми на 3-0 во 57. минута, а гостите преку Робсон Кану во завршните
мигови од средбата само постигнаа почесен гол.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани