Проблемот меѓу капитенот и селектор е поголем: Тадиќ не се појавил на тренингот на Србија!

by Стефан
2 минути читање

Репрезентацијата на Србија беше поразена од Англија со 0:1, а тој прв натпревар изгледа веднаш донесе и многу проблеми во соблекувалната на Србија.

Уште по натпреварот Тадиќ не криеше дека не е среќен што Пикси го остави на клупата, додека Стојковиќ призна дека таа изјава од капитенот воопшто не му се допаѓа.

„Јас сум најподготвен играч во овој тим, тоа му реков него. Мислам дека не треба да се грижи за мојата физичка подготовка. Нормално дека зборувавме, имаме добра комуникација. Ми рече дека мисли дека ќе биде затворен натпревар и дека јас ќе влезам во второто полувреме да ја решам. Се случи тој брз гол. Жал ми е поради резултатот, мислам дека можевме да земеме барем бод или три“, гласеше изјавата на Тадиќ по која следуваше одговор од Пикси.

„Неговиот коментар не е добар. Одлуката Тадиќ да остане на клупата беше моја, тоа беше од тактички причини. Сакав капитенот да биде „свежи нозе“ во второто полувреме за напад над Англичаните. Се беше тактички. Ова беше моја одлука, мое гледиште на ситуацијата. На крајот од денот, јас сум тој што носи одлуки“, изјави Пикси.

Медиумите во Србија пренесуваат дека хаосот не се смирил, а како доказ го наведуваат тоа што Тадиќ не се појавил на денешниот тренинг

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани