Јувентус заинтересиран за Рафиња, Барселона веќе ја одреди цената

by
0 минути читање

Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ пренесува дека за играчот од средниот ред на Барселона, 24 годишниот Рафиња, постои сериозен интерес од Јувентус.

Од каталонскиот клуб се подготвени за почеток на преговорите со тимот од Торино, но неофицијалните информации говорат дека Барселона за својот фудбалер ќе бара обештетување од околу 25 милиони евра.

Јувентус веќе подолг период бара решение во средниот ред, како можни варијанти се споменуваа Корентан Толисо, Немања Матиќ и Сергеј Милинковиќ Савиќ, но се чини дека е најблиску до Рафиња.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани