319
Скопски Вардар ќе се раздели со еден од напаѓачите за следната сезона, бидејќи по краток престој од клубот замина Кеба Кебел Сусо.
26-годишниот Гамбиец неодамна пристигна во редовите на Вардар, одигра само една полусезона во која имаше епизодна улога. Сусо вкупно настапи на 13 натпревари за „црвено-црните“ и не постигна ниту еден гол.
Пред Сусо од редовите на Вардар официјално замина Дарко Глишиќ. Се очекуваат и нови промени во редовите на најтрофејниот македонски клуб ова лето.
Во следната сезона Вардар пак ќе игра во ПМФЛ бидејќи избори опстанок преку баражот против Детонит Плачковица.