Жозе Мурињо вели дека доколку не бил Мајкл Оливер, сезоната на Манчестер јунајтед можела да биде тотална катастрофа.
Во четвртфиналето од ФА Купот, Оливер му покажа престрог црвен картон на Ерера, по што Јунајтед беше елиминиран од Челси.
Мурињо сега иронично му се заблагодарува на судијата сакајќи уште еднаш да го потенцира тој момент.
„Ќе го повторам истото – благодарам Мајкл Оливер бидејќи бевме елиминирани од ФА Купот. Ако се пласиравме во полуфиналето од ФА Купот ќе беше тотална катастрофа“ – вели Мурињо.
„Не знам кога ќе го одигравме тој натпревар. Никогаш не сум имал ваква ситуација и на крајот на се проблемите со големи повреди, не мали, не повреди за кои можеш да речеш, океј задна ложа, две недели во аут“.
„Не, операции, бум, бум. Операција на едно колено, операција на друго колено, друго стапало. Само големи операции. Многу тешко, многу тешко, но ние сме во финале“.
„Никогаш не сум имал толку натпревари. А знаете дека во мојата кариера никогаш не сум испаднал во групна фаза од Европските натпреварувања. А во осминафинале само еднаш. Десет пати играв во полуфинале“.
„Секогаш одам до крај во натпреварувањата. Во Лига купот нормално одам далеку. Во домашните купови, победив во Шпанија, Италија, Португалија па нормално е што имав многу натпревари. Но како сега, никогаш“.