Фудбалерот од средниот ред на Шпанија, Родри помина само со жолт картон кога го собори Петковиќ во шеснаесетникот, не беше искулучен и покрај тоа што стартуваше како последен дефанзивец и спречи чиста гол шанса.
„Црвената фурија“ го започна Европското првенство со три бода и победа од 3-0 над Хрватска.
Но лесно можеше да се случи финишот од натпреварот да се закомпликува за Шпанија, откако Унаи Симон погреши, а Родри го собори Петковиќ во шеснаесетникот.
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити беше последен играч, спречи чиста гол шанса, но доби само жолт картон и не беше искучен.
Сето ова креираше одредена контроверзија и многумина се прашуваат зошто на Родри не му беше покажан директен црен.
Но судијата Мајкл Оливер само ги следеше последните насоки дадени од Меѓународниот одбор на фудбалски сојузи (ИФАБ) кога е во прашање „тројната казна“, односно досуден пенал, црвен картон и суспензија за играчот.
ИФАБ ги олабави малку правилата, па црвен картон се покажува само доколку стартот е опасен, или пак има намерно играње со рака со кое се спречува гол. За сите други случаи, се покажува жолт, и токму ваква боја беше картонот кој го доби Родри.
Доколку Родри старуваше како последен играч надвор од шеснаесетникот, во тој случај ќе добиеше директен црвен картон.