Реал Мадрид ја одреди цената за Хамес Родригез

by
1 минути читање

Медиумите од Колумбија минатата недела објавија дека Хамес Родригез веќе се договорил со Манчестер јунајтед, и заедно со својот агент Жорж Мендеш биле на состанок со првиот човек на Реал, Флорентино Перез.

Колумбиецот на вчерашниот дуел со Севиља, кога го напушти теренот во вториот дел аплаудираше на сите четири страни на стадионот Бернабеу, и многумина го протолкуваа ова како опростување од публиката на Реал.

Марка попладнево објави дека Реал Мадрид ја одредил цената на играчот.

Весникот кој е близок до раководството на „Кралевите“, пишува дека Флорентино Перез бара 75 милиони евра за Хамес Родригез.

Втора опција е Реал Мадрид да го трампа Хамес Родригез за Давид Де Геа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани