Монако е се
поблиску до титулата во најсилната конкуренција во Франција, на едно коло пред
крајот на шампионатот на домашен терен вчера славеше над Лил со 4-0 и остана на
првото место на табелата со три бода предност пред ПСЖ, но и натпревар помалку.
Уште едно
блескаво издание на 18. годишниот Килиан Мбапе, кој на синоќешниот меч докажа
дека не е вешт само во реализациите, туку и во асистенциите.
Младиот фудбалер
за кого постои интерес од голем број европски гиганти во моментов, во
вчерашната победа на својот тим реализираше две асистенции, а тоа го направи на
фантастичен начин.
Најнапред во 45.
минута асистираше во голот на Силва за 2-0, а потоа во 69. Минута нова
мајсторија од него, овој пат во погодокот на Фалкао за 3-0.