185
Реал Мадрид синоќа ја победи Севиља со убедливи 4-1, тоа за нив беше последниот домашен меч оваа сезона, им преостануваат уште два гостински дуели.
„АС“ смета дека Хамес Родригез се збогувал со навивачите на Реал Мадрид, бидејќи кога излезе од игра во 60. минута аплаудираше на сите четири страни на стадионот Бернабеу.
Се шпекулира дека следна дестинација на колумбискиот фудбалер ќе биде Манчестер јунајтед.