Монако може да почне да ја слави титулата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Монако се уште теоретски не ја освоил титулата во Франција, но по денешното коло веќе може да слави, бидејќи гол разликата која ја има направено е недостижна за ПСЖ.

Со два гола на Фалкао, еден на Силва и еден автогол, Монако дојде до убедлив триумф над Лил од 4-0.

ПСЖ со убедливи 5-0 славеше на гостувањето кај Сент Етјен, Кавани и Лукас постигнаа по два гола, еден беше дело на Дракслер.

Монако има натпревар помалку и три бода повеќе од ПСЖ кој има само уште еден меч до крајот. За да не ја освои титулата треба да изгубат на последните два меча и притоа ПСЖ да аналура гол разлика од 18 погодоци, што е невозможно.

Монако може да почне да ја слави осмата титула шампион на Франција, прва по 2000 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани