Рома три пати ја тресеше мрежата на Буфон, Јувентус немоќен на Олимпико (ВИДЕО)

by
1 минути читање

И покрај тоа што играше без Един Џеко, Рома успеа да му даде три гола на Јувентус кој ретко прима по толку на еден натпревар.

А мечот започна одлично за Јуве, во 21. минута по асистенција од Игуаин, Лемина постигна лесен гол за водство од 1-0. Но само четири минути подоцна Де Роси се најде на вистинското место и од неколку метри го изедначи резултатот на 1-1.

По десет минути игра во второто полувреме, Ел Шарави со убаво пласирана топка направи комплетен пресврт и донесе водство на Рома од 2-1.

Во 65. минута Наинголан со силен удар од странична позиција ја запечати победата поставувајќи ги конечните 3-1.

По 36. одиграни кола Јувентус има четири бода повеќе од Рома и во следниот меч против Кротоне на домашен терен може да дојде до титулата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани