Чаби Алонсо за „Плејерс Трибјун“ се потсети на неговот тежок почетокот на авантурата на кормилото на Баер Леверкузен, кога се чудел и се прашувал што прави тука.
Чаби Алонсо оваа сезона испиша историја, го предводеше Баер Леверкузен до првата титула во Бундеслигата во својата 120-годишна историја, и тоа на сјаен начин, без ниту еден пораз.
„Фармацевтите“ исто така триумфираа и во Купот на Германија, а малку фалеше до неверојатен успех и триумф во Лига Европа, за тројна-круна и цела сезона без ниту еден загубен натпревар.
Но почетокот на авантурата на Шпанецот во Леверкузен не беше идеална, во отворено писмо за „Плејерс Трибјун“, Чаби Алонсо се потсети на денот кога бил понижен.
„Мислам дека имам момент кога секој млад тренер стои покрај аут-линијата комплетно беспомошен, гледа кон трибините и се прашува, „Што правам тука? Како дојдов овде?“ За мене, тој момент беше третиот натпрева на кормилото на Баер Леверкузен, кога бевме прегазени со 5-1 од Ајнтрахт Франкфурт“ – раскажува Чаби Алонсо.
„Го паметите тој натпревар? Се чини како да поминале многу години. Бевме трети оддолу, и сигурен сум дека нема човек кој што го гледал тој натпревар да помислел дека наскоро овој тим ќе освои трофеј“.
„Три дена претходно, загубивме дома од Порто со 0-3, и тимот се мачеше со играта. Но јас верував дека располагаме со многу талент во составот. Па пред натпреварот си реков, „Еј, можеме само да се подобриме“. Како и секогаш, работев напорно за да создадам добар план за игра“.
„Но само што почна натпреварот, сите мои идеи отидоа во ветер. Сето мое истражување, сите мои белешки со тактика, сите тие часови поминати во анализа на видеа…“
„Изгубивме 5-1, резултатот никогаш не лаже… бевме понижени“.
„Сигурен сум дека по резултатот во Франкфурт, имаше многу луѓе кои размислуваа, „Зошто го ангажиравме момчево од Реал Сосиедад Б?“
„И не ги окривувам. За среќа, имавме неверојатна група на играчи и тренерски персонал кои останаа обединети и веруваа во мене и мојата визија. Но ако сум искрен, тој ден, кога се вратив во соблекувалната, исто како и секој млад тренер си помислив: „Што правам? Како влегов во оваа луда професија?“