Тотенхем со победа над Манчестер јунајтед се одјави од Вајт Харт Лејн (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тотенхем го надигра Манчестер јунајтед и сосема заслужено дојде до трите бода на денот кога се спушта завесата на славниот Вајт Харт Лејн.

Резултатот беше отворен уште во 6. минута кога Ванјама со глава погоди за 1-0. На стартот од вториот дел Кејн зголеми на 2-0. Манчестер јунајтед преку Руни во 71. успеа да намали на 2-1.

Тотенхем без пораз на домашен терен оваа сезона се опростува од Вајт Харт Лејн, големиот стадион кој од денеска заминува во историја.

Со овој триумф, Тотенхем го завери второто место на табелата во Премиерлигата, на два натпревари до крајот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани