Капитенот на Жирона, Алеш Гарсија реши да ја продолжи кариерата во Баер Леверкузен, фудбалерот од средниот ред беше голема желба на Чави во Барселона.
Жирона беше најпријатното изненадување во Шпанија минатата сезона, неколку фудбалери се истакнаа, еден од нив беше капитенот Алеш Гарсија.
Фудбалерот од средниот ред со своите партии му падна во очи на Чави, кој уште во јануари го молеше Жоан Лапорта да стори се што може и да му го донесе играчот.
Сепак, една ваква зделка не се реализираше во зимскиот преоден рок, а нема да се реализира ниту ова лето откако Алеш Гарсија се реши за авантура во Бундеслигата.
Следната сезона тој ќе игра под водство на Чаби Алонсо во Баер Леверкузен, медиумите денеска го уловија Алеш Гарсија на лекарски прегледи со новиот шампион на Германија.
Се говори дека трансферот ќе биде вреден околу 20 милиони евра сосе бонуси.
Aleix Garcia, in Leverkusen for medical tests as new Bayer 04 player.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 13, 2024
BILDpic.twitter.com/QfXn3lcFw0