Тен Хаг останува во Манчестер јунајтед, ќе добие и нов договор!

by riste
1 минути читање

Пресврт во ситуацијата на Олд Трафорд, наместо отказ, Ерик тен Хаг ќе добие нов договор и ќе продолжи да го води Манчестер јунајтед.

Се очекуваше холандскиот стратег да добие отказ по крајот од сезоната, тоа му беше најавено на неколку кола пред финишот, но во меѓувреме работите се променија.

Триумфот во ФА Купот и очајната ситуација со повредени фудбалери била земена во предвид од раководството и донесена е одлука тој да продолжи со работата.

Актуелниот договор на Тен Хаг истекува по крајот на следната сезона, а се разговара за продолжување на уште една.

Манчестер јунајтед сезоната ја заврши на осмото место што беше нивниот најлош финиш во ерата откако се игра Премиерлигата со тоа име. Тен Хаг урна многу негативни клупски рекорди, но сепак на крајот успеа да си ја задржи работата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани