Барела стави потпис на нов договор, стана Италијанецот со најголема плата во Серија А

by bojan
1 минути читање
Барела

Интер попладнево соопшти дека Николо Барела ставил потпис на нов договор, Италијанецот се обврзал на соработка до јуни 2029 година.

Новите сопственици на Интер не трошат многу време, денеска пристигна потврда за новиот договор на Николо Барела.

„Инетр може да соопшти дека постигна согласност за продолжување на договорот на Николо Барела, фудбалерот од средниот се обврза кон „нероаѕурите“ до јуни 2029“ – гласеше известувањето.

Како што пренесуваат медиумите, Николо Барела во иднина ќе има плата од 6,5 милиони евра по сезона, која со бонуси може да се искачи и до 8 милиони евра.

Со ваква сума, Николо Барела ќе биде Италијанецот со најголеми примања во Серија А.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани