Ница го продава „мозокот“ на тимот 30 пати повеќе отколку што го купи

by
1 минути читање

Ница има
фантастична сезона зад себе, се избори за пласман во квалификациите за групната
фаза од Лигата на Шампионите, а на табелата во француската „Лига 1“ се наоѓа на
третото место.

По одличните
резултати сосема очекувано беше голем број европски гиганти да се вклучат во
редот за ангажман на некои од фудбалерите кои се истакнаа во Ница.

Барселона,
Арсенал, Тотенхем, Борусија Дортмунд, како и ПСЖ, Монако и Олимпик Марсеј
влегоа во трката за фудбалерот кого го нарекуваат „мозок во играта“ на можеби
најпријатното изненадување.

Не станува збор
за Балотели, Сиприен, Козељхо, ниту пак голгетерот Плеа, туку за Жан Мишел
Сери.

Играчот од
средниот ред има фантастична статистика сезонава, одигра 32 натпревари,
постигна 6 погодоци, а притоа забележа и 9 асистенции.

Сери во редовите на
францускиот прволигаш пристигна од португалската екипа Пакош Фереира пред две
години, за еден милион евра

Моментално
вредноста на Сери на трансфер пазарот е многу повисока и изнесува околу 30
милиони евра. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани