Фудбалската репрезентација на Македонија претрпе пораз на гостувањето кај Чешка од 2-1 во вториот пријателски натпревар од јунскиот циклус.
По овој неуспех на прес-конференцијата од Храдец Кралове се обрати селекторот Благоја Милевски. Тој не сакаше да ги коментира спорните моменти и двата досудени пенали за Чесите.
„Честитки за моите момци, посебно за одиграното во второто полувреме. Имавме некои корекции кои ги направивме на паузата по полувремето во кое не функциониравме како што треба. Жалам што не почнавме да играме малку порано на таков начин, ни недостига самодовербата со топката. Кога ќе сумираме се, секоја чест за одиграното, честитки до Чешка и ѝ посакувам успех на ЕП.
Кажав и пред натпреварот дека не очекува многу различен ривал од нашиот претходен. Играта на Чешка се базира на трчање и на сила, на тоа требаше да одговориме. Во поголемиот дел од мечот сум задоволен како одговоривме на тоа, но кога имавме посед, требаше да бидеме малку похрабри.
Немам коментар за пеналите, тоа е работа на ВАР собата и судиите. Не би сакал да ги коментирам пеналите“, изјави Милевски.
По двата пријателски натпревар Македонија во септември ја очекува почетокот на Лигата на нациите.