Често се шпекулира за иднината на Хамес Родригез, кој има мала минутажа на Сантијаго Бернабеу.
Последните информации од Колумбија велат дека играчот се сретнал со лидерите на Реал Мадрид, ги известил дека не е задоволен од статустот и сака да замине летоска.
Новинарот Антонио Касале од Радио RCN пренесе дека Хамес Родригез заедно со својот агент Жорж Мендеш бил на состанок си Флорентино Перез и му ги презентирале понудите кои ги имале.
Претседателот на Реал Мадрид им соопштил дека по крајот на сезоната одново ќе седнат и ќе ја разгледаат ситуацијата.
Но Хамес Родргиез веќе одлучил дека сака да замине и начелно се договорил со Манчестер јунајтед.
Се говори дека зад зделката стои и Адидас, германскиот производител на спортска опрема го гледа Хамес Родригез како една од своите фудбалски икони.