Медиумите не му ја заборавија изјавата, Мурињо во 2013: Не сакам да ја освојам Лига Европа, тоа ќе биде големо разочарување

by
2 минути читање

„Црвените Ѓаволи“
имаат разочарувачка сезона во Премиерлигата, па Жозе Мурињо приоритет и даде на
Лига Европа и целта е со триумф во најмасовното европско натпреварување да се
стигне до Лигата на Шампионите.

Манчестер
јунајтед вчера одигра 1-1 со Селта во реваншот и го чекираше билетот за Стокхолм,
каде ќе ги одмери силите со Ајакс.

„Специјалниот“ беше пресреќен и прилично емотивно го прослави пласманот во
финале.

Па медиумите
веднаш пронајдоа изјава од пред неколку години, кога Жозе Мурињо истакна дека
не сака да ја освои Лига Европа.

Во јули 2013, Жозе Мурињо се врати на Стемфорд Бриџ и го наследи Рафа Бенитез,
кој како привремен тренер на „Сините“ во мај 2013 на Челси му донесе триумф во
Лига Европа.

Жозе Мурињо очигледно
сакаше да го омаловажи достигнувањето на Шпанецот со кого не е во добар однос, па за БиБиСи изјави: „Не
сакам да ја освојам Лига Европа
.

„Тоа ќе биде
големо разочарување за мене
.

„Не сакам моите
играчи да чуствуваат дека Лига Европа е нашето натпреварување
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани