70
Интер го отпушти тренерот Стефано Пиоли и влезе во потрага по ново име кое ќе го предводи тимот од следната сезона.
Најпрво се говореше за Диего Симеоне, Антонио Конте и Лучијано Спалети, но денес излегоа уште две големи тренерски имиња.
Еден од кандидатите е тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино. Според „Скај Спорт Италија“, Интер е подготвен да му понуди 10 милиони евра годишна плата што е двојно повеќе од онаа која ја заработува во англискиот тим.
Додека „Тутомеркато“ објавува дека сегашниот тренер на Барселона, Луис Енрике е кандидат за клупата на Интер.
Луис Енрике ја напушта Барселона по крајот на сезоната, а претходно има искуство во Серија А со тимот на Рома кој го предводеше една година.