Аспас: Група деца и пријатели ги притиснаа на својата половина милионските ѕвезди на Јунајтед

by
2 минути читање

„Црвените Ѓаволи“ се пласираа во финалето откако вчера одиграа 1-1 пред
своите фанови, и победата од 0-1 во Виго се покажа како клучна.

Селта има за што да жали, во 96. минута Гуидети можеше да го замолкне Олд
Трафорд но не успеа да се снајде најдобро во петерецот на домаќините.

„Жал ми е за луѓето кои не бодреа, охрабруваа и не следеа во Манчестер – рече по крајот на натпреварот
Јаго Аспас.

„Одигравме подобро од Манчестер јунајтед. Можеби немавме многу чисти шанси,
но бевме супериорни
.

„Група деца и
пријатели ги притиснаа на својата половина милионските ѕвезди на Јунајтед,
играчи кои вредат 120 милиони евра како Погба
.

„Не можеа да
сврзат три додавања. Го трошеа времето, гледаа да украдат некоја секунда…“.

„Жалам што не ги
шокиравме, ах како не ја реализиравме таа шанса во 96. минута
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани