Италијанецот Роберто Де Зерби го напушти Братјон на крајот од сезоната и така стави точка на одличниот период поминат во клубот од Англија.
Сега италијанскиот стратег за премиерлигашот е веќе минато, па Брајтон е во потрага по нов тренер. Според последните информации од Германија и Островот овој клуб изгледа и го пронашол.
Нов тренер на Брајтон веројатно ќе биде Фабијан Хирцелер, стратег кој има само 31 година. Наводно, вербален договор помеѓу двете страни има и останува уште само да се договорат клубовите.
Хирцелер не е премногу познато име во светот на фудбалот, но и оваа сезона го сврте вниманието на себе кога Сент Паули го внесе во Бундеслигата од Цвајт.
Останува да видиме како Хирцелер ќе се снајде во најсилната лига во светот, секако ако најавите се остварат.