Милевски ги избра стартните 11 за Хрватска! (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска од 19:00 во пријателски натпревар ќе игра против селекцијата на Хрватска.

Селекторот Благоја Милевски за овој натпревар се одлучи за формација 3-5-2 во која во нападот стартуваме со Александар Трајковски и Бојан Миовски.

Триото зад нив го сочинуваат Јани Атанасов, Алими и Елмас, по страничните позиции се Алиоски и Ашковски.

Последни пред Димитриевски ќе стартуваат Ѓоко Зајков, Висар Муслиу и Дарко Велковски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани