375
Изгледа повеќе нема дилеми – Антонио Конте ќе биде нов тренер на Наполи.
Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо предмалку објави дека Де Лаурентис и Конте си подале.
Најавите се дека Конте ќе стави потпис на договор до јуни 2027 година и неговото претставување се очекува многу брзо.
Конте во Наполи доаѓа по една разочарувачка сезона во која клубот не успеа да се избори за место во ниту едно европско натпреварување.