Новинарот Диего Пико објави дека Валенсија планира да го пречека Столе Димитриевски по двата пријателски натпревари на Македонија против Хрватка и Чешка.
По шест години поминати во Рајо, Столе Димитриевски летово ќе започне нова авантура и ќе се пресели во Валенсија.
Македонецот ќе застане помеѓу стативите на популарните „лилјаци“, кои беспари ќе ангажираат квалитетен голман и ќе инкасираат десетици милиони евра од продажбата на Мамардашвили.
Новинарот Диего Пико сега откри кога Столе Димитриевски ќе пристигне во Валенсија, клубот од Местаља планира да го пречека голманот по пријателските натпревари на Македонија против Хрватска и Чешка.
„Црвено-жолтите“ ќе ги одмерат силите со Хрватска на 3. јуни, додека пак пресметката со Чешка е на 10. јуни.