326
Фубалската репрезентација на Македонија утре ја очекува собирот пред пријателските натпревари во јуни против Хрватска и Чешка, а селекторот Благоја Милевски денес доби лоша вест.
Еден од нашите најважни фудбалери, Енис Барди во натпреварот на Трабзонспор се повреди и беше заменет по само 17 минут игра.
Засега не е познато од каков карактер е повредата на Барди и дополнителните прегледи треба да покажат дали тој ќе биде спремен да и помогне на Македонија.
Натпреварот против Хрватска го играме на 3. јуни во Ријека, додека на Чешка и гостуваме седум дена подоцна.