На 3-ти јуни Фудбалската репрезентација на Македонија ќе одигра пријателски натпревар против Хрватска, а за овој натпревар селекторот Златко Далиќ нема да смета на Лука Модриќ.
Модриќ само два дена пред тој натпревар треба да игра финале со Реал Мадрид против Борусија Дортмунд и поради тоа ќе добие неколку денвои одмор пред да се приклучи на националниот тим.
„Подготовките ќе ги започнеме со 12 фудбалери. Оние кои ќе дојдат викендов ќе имаат неколку длободни денови и ќе ни се приклучат пред натпреварот со Македонија. Најдоцна ќе дојдат Модриќ, Брозовиќ и Пашалиќ. На натпреварот со Македонија шанса ќе добијат оние кои се од почеток со нас“, изјави Далиќ.
Европското првенство во Германија ќе започне на 14-ти јуни и ќе се затвори со финалето на 14-ти јули.