317
Екипата на Брера Струмица го објави и третото заминување од тимот во два дена. Откако во текот на вчерашниот ден беа потврдени заминувањата на дефанзивците Агрон Руфати и Александар Ристевски, денеска е потврдена и разделбата со Матеј Цветановски.
„Договорот на Матеј Цветаноски истече и не е веќе играч на Брера.
26 годишниот Матеј Цветаноски во иднина нема да го носи дресот на нашиот клуб откако актуелниот договор со овој крилен играч истече“, објави Брера.
Во изминатата сезона Цветановски постигна четири гола и уште на четир беше асистент во 25 натпревари од Првата фудбалска лига.