„Оуктри“ потврди дека се нови сопственици на Интер, и порача кои се главните цели

by bojan
2 минути читање
Интер

Пристигна официјална потврда, фондот „Оуктри“ е нов сопственик на Интер откако семејството Жанг и „Сунинг“ не го вратија кредиот во пропишаниот рок.

Ерата на семејството Жанг и „Сунинг“ во Интер заврши, фондот „Оуктри“ денеска испрати официјално соопштение со кое извести дека тие се нови сопственици на клубот од „Џузепе Меаца“.

„Интер му припаѓа на „Оуктри“. Од 22. мај, фондот „Оуктри“ е нов сопственик на Интер, ова следи откако не беше вратен долгот од околу 395 милиони евра“ – се вели во известувањето.

„Имаме голема почит кон историјата на Интер, пасијата на играчите, лојалноста на навивачите, и знаеме што значи овој клуб за градот Милано, Италија и глобалната спортска јавност“.

Оперативниот директор Алехандро Кано откри кои се целите.

„Како нови споственици знаеме дека имаме огромна одговорност кон историјата на Интер. Посветени сме на долгорочен успех и веруваме дека нашите амбиции се поклопуваат со оние на стравствените навивачи од Италија и ширум светот“.

„Наши први цели се оперативна и финансиска стабилност на клубот. Имаме голема почит за раководството на Интер и со нетрпение чекаме да започнеме соработка со нив“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани