359
Денеска беа извлечени бараж дуелите за пласман во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), а сега се одредени местата и термините за натпреварите.
Два од трите бараж дуели ќе се играат во Скопје, а еден во Битола.
Сите натпревари ќе се одиграат во сабота, 25. мај со почеток од 17 часот.
Победа и Куманово ќе играат на стадионот „Ѓорче Петров“.
Во Скопје ќе се игра и дуелот меѓу Вардарски и Кораб, на „Борис Трајковски“ во Маџари.
На стадионот „Петар Милошевски“ во Битола ќе се одигра дуелот меѓу Влазерими и Борец.
Се игра еден натпревар, во случај на нерешен резултат веднаш се изведуваат пенали.