„Старата дама“ денеска соопшти дека Макс Алегри добил отказ, наводно причината е однесувањето на тренерот за време и по крајот на финалето во Купот на Италија, но ова е само сцнеарио за на стратегот да не му биде исплатена компензација од 9 милиони евра.
Со недели се пишуваше дека Макс Алегри летоска ќе го напушти Јувентус и покрај тоа што има валиден договор до јуни 2025, наводно веќе е постигнат договор со Тијаго Мота да го превзеде кормилото.
Разделбата сепак се случи побрзо, „страта дама“ попладнево соопшти дека стратегот добил отказ.
Во известувањето до јавноста беше потенцирано дека отказот е резултат на однесувањето на Макс Алегри за време и по крајот на финалето во Купот на Италија.
На многумина ова им падна во очи, се верува дека Јувентус на овој начин сака да покаже дека соработката е прекината поради недолично однесување, и да си најде причина и изговор да не му се исплати компензација на Макс Алегри.
Претходно се пишуваше дека на тренерот му следуваат околу 9 милиони евра, сума која Јувентус сега преку правни лавиринти ќе се обиде да ја заштеди.