Кристал Палас го има „лекот“ за фаворитите, падна и Ливерпул (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Кристал Палас го победи Ливерпул со 2-1 и му зададе сериозен удар во трката за местата кои водат во Лигата на шампионите.

Натпреварот почна одлично за Ливерпул, по 24. минути игра Кутињо постигна гол за водство од 1-0.

Но на три минути пред крајот на првиот дел Бентеке го изедначи резултатот на 1-1, а во 74. минута стрелаше уште еднаш прецизно за победа од 2-1.

По овој пораз Ливерпул не решава сам за пласман меѓу четирите најдобри, ќе се надева на лоши резултати на конкурентите од Манчестер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани